Во последно време проблемите со појава на разни пигментации по нашата кожа е зачестено. Причината за нивна појава, покрај сонцето може да биде најразноврсна (хормонални промени, акни, задебелување на кожата “старечки флеки“, променета функција на одредени органи- панкреас, надбубрежна жлезда....)

------------

Мораме да го земеме во обзир нивното потекло, бидејки некои пигментации (меласма, чоласма, кушинг, адисон...) се со посериозна причина за постоење, па затоа во овие случаи за решавање на на флеките можен е и подолг период, и за жал кај некои не е можно комплетно да се одстранат. Но во секој случај може многу да ја подобриме првобитната слика. Што се однесува до флеките од акни, капилари, сонце, може да е само 15мин. работа J

------------

Во зависност од причинителот и фототипот на кожата се служиме со одредени третмани:  IPL, Биолошки третмани, Хемиски и Биолошки пилинзи, Микродермоабразија, Дермаролер... Во ефикасноста на решавање на флеките, можеме да се пофалиме дека одредени пигментации сме ги решиле само со еден третман.