Ожиљците може да представуваат изгубено (некроза) или оштетено, односно некомплетно функционално ткиво на кожата.

------------

Постојат неколку форми на ожиљци на кожата: 

ожиљци од акни- како последица од акни (“гнојот во акната“ кој содржи бактерии, додека седат во кожата се хранат со околното ткиво). За нивно решавање многу е битно да го подигнеме имунитетот на кожата за да може и самата кожа да епитализира (обновува). Овие ожиљци се полесни за решавање.

ожиљци од оперативни интервенции- тука има поголемо оштетување на ткивото. Многу е битно колкава е големината, местоположбата и староста на лузната. Во овие случаи најдобрите резултати ни се да се израмни кожата.

Келоиди-( кожата е бела, покрута и во топчеста форма) Причинителот може да биде траума на кожата, а воглавно се појавуваат поради недоволно врзување на аминокиселините во врзивното ткиво. Овој тип на ожиљци е решлив, но и  деликатен, бидејки неможеме да гарантираме нивна повторна појава.

-------------

Решавањето на овие проблеми во зависност од нивното потекло (акни, келоиди, операции, исекотини) во секој случај трае подолго (од 10-20 третмани). За нивно решавање се служиме со: IPL, IRF, Масажи, Хемиски и Биолошки пилинзи, Микродермоабразија, Дермаролер. Многу е битна и соодветна домашна нега. Успешноста во решавање на овие проблеми кај нас се од 70-100%.