Акните се еден од честите проблеми на кожата. Најчесто се појавуваат во пубертет, но за жал може да се појават и во повозрасните години (во зависност од стилот на живеење).


Акните доколку не се патогени (инфекции од патогени бактери) НЕ треба да се сушат (односно лечат) со антибиотици, кортикостероиди или други производи кои содржат алкохол. Многу БИТНО е да знаеме дека акните не представуваат тип на кожа ‘‘акнозна кожа‘‘ е само народен термин за проблематична кожа, кои може да ги има и на сува кожа. Битно е да ги препознаеме, односно да го најдеме нивниот причинител. 


Постојат воглавно три типа на акни: затворени митисери -ширењето на себум тежнее кон внатрешноста на кожата, кога се воспалуваат се болни и имаат видлив гној во средината, може да ги има насекаде по лицето, деколте и грб; комедони- личат на рамни чирчиња, најчесто се појавуваат кај масните кожи во Т-зоната, среден дел на деколте, грб и задник; цистични акни – потешка форма, хормонално се зависни (пубертет, стрес, хормонален дисбаланс, ...), во поголема димензија се, цврсти, црвени, не секогаш имаат гној и ако не се третираат соодветно остануваат заробени во кожата како темпирана закана за поголем проблем, најчесто на кожата се појавуваат на ивицата на долната вилица, деколтето, горниот дел од грбот и на задникот.

-----------------

Во зависност од нивното потекло,  многу успешно ги решаваме овие проблеми со соодветна домашна нега и третмани кои делуваат на подигање на имунитетот на кожата Биолошки третмани, Ароматерапија, IPL, Ултра Звук, соодветна Масажа: детокс,доток на кислород,линфна или торзиона.

Промените на подобро се видливи уште до крајот на првиот третманот, а поголемите подобрувања веке по првата недела.